Светско првенство: Доминантни десет од десет со убедлива заверка на Данците

Светското првенство финишираше со победа на селекцијата на Данска, која првпат во својата историја дојде до триумф на Мундијал, па после три сребрени медали успеа да се избори за златен трофеј.

Данците имаа феноменален турнир во кој на десет одиграни средби дојдоа до десет победи. Оттаму никој не успеа да најде противигра, а Норвешка тоа имаше можност да го почувствува двапати бидејќи загуби прво во 5. коло од првиот круг. Потоа во финалето беше уште полошо кога Данска доминираше.

Во битката за 3. место триумфот со голот на Никола Карабатиќ замина за Французите кои беа бронзени и на последното Европско првенство.

Инаку, најдобар играч е Микел Хансен, а во најдобрата седумка се најдоа двајца негови колеги од Данска, тројца од Норвешка и по еден од Германија и Шпанија. Дефинитивно првенство кое ќе се памети по многу убави натпревари и одлични потези.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ ДЕН

ФИНАЛЕ

НОРВЕШКА – ДАНСКА  22:31

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА           25:26