Микел Хансен без конкуренција – ги собра поединечните мундијалски награди

Сосема очекувано најдобриот ракометар од Данска е прогласен за најдобар ракометар на првенството и тој ја понесе наградата за МВП. Тој покрај ова ја освои и титулата за најдобар стрелец со вкупно 72 гола, па има хет-трик на овој шампионат бидејќи со своите колеги ја освои и круната на Мундијалот.

Во најдобриот тим доминираат ракометарите од Норвешка. Вицешампионот доби три места со Јондал, Сагосен и Мирхол. Следуваат Данците со две со Ландин и Лауге, додека Германија со Виде и Шпанија со Соле се земјите кои исто така си најдоа место со свои играчи во најдобрата седумка.

Со ова Микел Хансен си обезбеди место меѓу великаните на светскиот ракомет бидејќи се приклучи на групата на ракометари со признание за најдобар играч на турнирот на Светските првенства.

ОЛ-СТАР ТИМ НА СП 2019

ГОЛМАН: Никлас Ландин (Данска)

ЛЕВО КРИЛО: Магнус Јондал (Норвешка)

ЛЕВ БЕК: Сандер Сагосен (Норвешка)

СРЕДЕН БЕК: Расмус Лауге (Данска)

ДЕСЕН БЕК: Фабијан Виде (Германија)

ДЕСНО КРИЛО: Феран Соле (Шпанија)

ПИВОТ: Бјарте Мирхол (Норвешка)

МВП: Микел Хансен (Данска)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ: Микел Хансен (Данска) – 72 гола