Раул на шега: Сакавме Скопско, ама немаше… (ФОТО)

По бараж двобојот за пласман на Светското првенство 2019, Македонија иако поразена од Клуж заминува како победник. По шести пат Македонија ќе настапи на ракометниот мундијал, кој наредната година ќе се одржи во Германија и Данска.

Веќе традиционално македонската селекција со „Скопско“ пиво го прославува секој радосен миг во македонскиот ракомет, а ако на ЕП во Хрватска за негов транспорт беа потребни неколку колички за багаж овојпат македонските ракометари заедно со раководството мораше да се изладат и наздрават со локално романско пиво.

Со здравица и по некоја поза пред фотоапаратите на македонските медиуми, македонскиот селектор на шега ја прокоментира оваа ситуација „Сакавме да „Скопско“, ама немаше…“

На здравје!