Противникот на ЖРК Вардар полека го комплетира тимот:Ема Рамушовиќ и Нина Булатовиќ нови ракометарки во Будуќност, се чека уште голман

ЖРК Будуќност полека се комплетира за новата сезона. По ангажирањето на Катарина Булатовиќ, нови ракометарки во клубот се Ема Рамушовиќ и Нина Булатовиќ кои доаѓаат од вториот тим на Будуќност, односно ЖРК Даниловград.  Во клубот се враќа и Јелена Деспотовиќ која ланската сезона настапуваше за  МТК Будимпешта како позајмен играч.Овие две ракометарки со своите настапи во женската регионална лига, квалификациите за ЕП 2014, како и на Светското кадетско првенство во Македонија, оставија добар впечаток кај тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ. Централниот бек Нина Булатовиќ би требало да добие шанса во женската регионална ракометна лига, како и во црногорското првенство.

По повредата на Сузана Лазовиќ, и заминувањето на Катарина Јежиќ која направи трансфер во Локомотива Загреб, јасно беше дека пивотменот Ема Рамушовиќ ќе биде нова членка на црногорскиот шампион .

Покрај овие засилувања исто така се очекува и ангажман на голманската позиција, а најголеми шанси да застане на голот на Будуќност и да брани во тандем со Марта Здериќ и Марина Рајчиќ  има голманката на кадетската репрезентација на Црна Гора.