Мотор и Војводина ја спуштија завесата во групната фаза на СЕХА

Екипите кои годинава се натпреваруваа во две групи во СЕХА лигата од денеска се на одмор така што ќе можат да се подготвуваат за натпреварите напролет на кои ќе треба да се борат за пласман во четврт-финалето.

Место во четврт-финалето има за Вардар и Мотор Запорожје од Групата А, како и за Веспрем и ППД Загреб од Групата Б, тимови кои играат и во Лигата на шампионите.

Другите осум екипи ќе мораат прво во осминафиналето така што ќе биде интересно.

Денеска во последните два меча ППД Загрен на домашен терен славеше против Мешков Брест со 30:24, додека Мотор Запорожје го совлада тимот на Војводина со 37:29.

Во продолжение ќе можете да ги видите табелите после комплетираните десет кола во двете групи.