Пред една недела се степаа, денеска ќе играат финале во Струга

Тимовите коишто во минатите денови играа на Струшкиот турнир денеска ќе ги одиграат натпреварите за пласман. Вечерва ќе финишира 46. издание, а победата ќе замине или за Словенија или за Романија.

Ривалите кои пред една недела не ја завршија контролна средба и после првото полувреме го прекинаа мечот кој требаше да биде „пријателски“ денеска ќе имаат тешка задача бидејќи ќе треба да се надигруваат во Струга. Со оглед на тоа што се работи за турнирски дуел сигурно ќе има и голема желба и кај Констанца и кај Целје за да се дојде до победата.

Мечот стартува во 21 часот, а мотивот е огромен и на двете страни. Се очекува да има интересен двобој. Ќе има и претходно во битките за 5. и за 3. место, а тоа значи дека денот ќе биде полн со убав ракомет.

Еден дуел веќе се одигра, а на него силите ги одмерија тимовите на Струга и Е. Работник во пресметката за 7. место.

Вечерва прво има шведско-турска пресметка, потоа меѓу Србија и Франција, па на крајот доаѓаат Словенија и Романија.

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

7. МЕСТО

СТРУГА – Е. РАБОТНИК                26:33

5. МЕСТО

17:30ч

АЛИНГСАС – БЕШИКТАШ

3. МЕСТО

19:15ч

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ТУЛИЗ

ФИНАЛЕ

21:00ч

КОНСТАНЦА  – ЦЕЛЈЕ