Македонскиот дуел на Струшкиот турнир со победа на Е. Работник

Битолчани го освоија 7. место на струшкиот турнир откако денеска го совладаа тимот на Струга со 33:26 во првиот меч од денот во кој се одлучува за пласманот 46. издание на турнирот.

Е. Работник беше подобриот тим во првото полувреме. Ракометарите од Битола тргнаа силно и покажаа желба за победа, па постојано ја зголемуваа разликата. Стружани се обидоа да следат, но немаа реализација за да можат да се држат и да бидат близу со резултатот.

Сепак, како одминуваше времето во првиот дел така предноста на Е. Работник растеше, а во финишот на првите 30 минути се дојде до плус осум и на одмор резултатот беше 10:18.

Оваа висока предност придонесе за опуштање во таборот на Е. Работник, па стружани успеаја да стигнат до враќање во игра. Намалија до 21:24 и го направија второто полувреме интересно, но воедно го натеараа противникот да одиграмногу поангажирано во последните десет минути кога одново беше зголемена предноста.

Е. Работник сосема очекувано дојде до триумф од 33:26, па на крајот од турнирот финишираше на 7. место додека Струга е последнопласирана.

СТРУГА – Е. РАБОТНИК                26:33(10:18)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 200. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Јово Василев од Битола.

СТРУГА: Кизиќ (2 одб.), Стојаноски (5 одб., 1 сед.), Мечкароски, Кузманоски 6, Крстаноски, Петровски 6, Нацев, Тренчески 5, Цитешвили, Јанкулоски 2, Дукоски, Барлакоски, Бајрамоски 3, Мемед, Костоски 1, Хаџидимов 3.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 2 мин.

Е. РАБОТНИК: Чаневски (1 одб., 1 сед.), Трајкоски (4 одб.), Ивановиќ 2, Ојлески 4, Маркоски 1, Талевски, Чурлевски 1, Мемиќ 2, Кукоски, Мандиќ 1, Дрогришки 3, Граџан 6, Ѓукиќ 6, Кузманоски 6, Блажески 1.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.