Поранешната вардарка Марија Лојпур во солидно издание во Сегед

Унгарската екипа Сегед одигра неколку пријателски натпревари во Србија против Раднички Крагуевац и ЖРК Железничар. Екипата освен овие контролни натпревари, имаше и некои силни дуели против унгарските екипи во подготвителниот период. Во одлично светло во дресот на Сегед се покажа Марија Лојпур и во нападот и во одбраната.

На првиот натпревар Раднички оствари победа со резултат 25:22, додека на вториот контролен натпревар, гостинската екипа од Унгарија оствари минимална победа со резултат 32:33. Претходно Сегед одигра пријателски натпревар со ЖРК Железничар каде оствари убедлива победа од 22:45.

Како нов суперлигаш во унгарското првенство, Сегед има големи амбиции за новата сезона. Иако конкуренцијата е голема во унгарското домашно првенство, од клубот се надеваат дека ќе се најдат на средниот дел од табелата.