Подравка ремизираше против Ерд на пријателски натпревар

Екипата на Подравка започна со контролните натпревари за престојната сезона. Противник на Подравка на овој прв тест меч, беше унгарската екипа Ерд и натпреварот одигран во Копривница заврши без победник, 30:30, додека на полувреме резултатот беше 16:18 за Ерд.

Подравка настапи во комплетен состав, додека Ерд играше без неколку ракометарки кои се на турнир со сениорската репрезентација на Унгарија. Иако во текот на целиот натпревар, гостинската екипа од Унгарија одржуваше водство од два до три погодоци, во последните минути, ракометарките на Подравка се изборија за нерешен резултат .

Новиот состав на Подравка, во Копривница од трибините го проследија околу 130 нивни фанови.

РК Подравка Вегета- ЕРД 30 :30 ( 16-18)

Подравка: Јукиќ, Капитановиќ 13 одбрани, Миленковиќ 6 одбрани, Човиќ 5, Никшиќ 3, Живковиќ 6 (1), Џоно 1, Немашкало 4,  Мрџен, Папац, Видак 1, Обремовиќ, Малијак, Татари 3, Трифуновиќ 4 ( 1), Елез 3 .

Според информациите од клубскиот сајт на Подравка, раководството на Ерд побарало да не се објавува листата на стрелците од нивниот тим и поради тоа истите не се достапни.