ПИК Сегед го освои 6-тиот „Кањижа Куп“

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед славеше во финалниот меч против белорускиот Брест со 22:20 и со тоа го освои шестиот меѓународен турнир „Кањижа Куп“. ПИК Сегед лани во финалниот меч загуби од Вардар, но годинава немаше поголеми проблеми на патот кон трофејот.

Во тимот на Хуан Карлос Пастор најдобар поединец беше Скубе со 5 голови, додека екс вардарецот Горбок даде 4. Кај Брест Мешков џинот Кристопанс даде најмногу голови, 5.

Третото место на овој тунрир го освои Нексе со победата над Металург 28:22, а Партизан изненадувачки беше подобар од Добродеа Констанца со 35:33 и го освои петтото место.