Нова официјална топка за големите европски натпреварувања

Ѕвездите на најголемите ракометни европски натпреварувања ќе играат со нова официјална топка почнувајќи од следната 2016/2017 сезона.

Со потпишувањето на четири годишниот договор меѓу ЕХФ и данската компанијата Селект Спорт , сите големи европски натпреварувања вклучувајќи ги машката и женска Лига на Шампиони, машкиот и женски ЕХФ куп како и европските првенства ќе се играат со топките на Селект Спорт. За секое натпреварување на годишно ниво ќе бидат презентирани нови и ексклузивни дизајни, а карактеристично за топките на СЕЛЕКТ е дека сите се рачно шиени. До сега оваа компанија е официјален дистрибутер на ракометни топки во многу клубови меѓу кои се вбројуваат Кил, Хамбург, Веспрем,Киелце, Ѓер.