На ваше барање: Гласајте и денеска за вашите миленици за најдобри играчи во Супер лигата (Анкета)

Иако беше планирано вчера да заврши гласањето за најдобрите ракометари во Супер машката лига, сепак, поради вашите барања да се продолжи гласањето одлучивме да овозможиме да се гласа и во текот на денешниот ден.

Имате можност и денеска да го дадете гласот за играчите кои се одбрани на седумте позиции, но и за најдобрите дефанзивци и најдобрите млади ракометари. Времето за давањето на вашите гласови истекува така што се ближи и прогласувањето на најдобрите на секоја од позициите за кои се гласаше во минатите денови.

Ако досега не го дадовте гласот тоа можете да го направите на следните линкови:

НАЈДОБАР ГОЛМАН

НАЈДОБРО ЛЕВО КРИЛО

НАЈДОБАР ЛЕВ БЕК

НАЈДОБАР СРЕДЕН БЕК

НАЈДОБАР ДЕСЕН БЕК

НАЈДОБРО ДЕСНО КРИЛО

НАЈДОБАР ПИВОТ

НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ

НАЈДОБАР МЛАД ИГРАЧ

ПРАВИЛА ЗА ГЛАСАЊЕ

Во изборот на најдобрата постава на регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига учествуваат новинари од спортските редакции од медиумите во Македонија. Учествуваат и тренерите на десетте екипи кои играа во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, сите читатели на 24 ракомет и новинарите кои се дел од редакцијата на 24 Ракомет.

Новинарите и тренерите за играчите од секоја позиција бодуваат на следниот начин. За најдобриот доделуваат по пет поени, па со ред до 1 поен. За секоја позиција има по шест ракометари, а бодови ќе има за петмина. На крајот бодовите од новинарите ќе бидат собрани и според тоа ќе биде направена мини табела на која ќе им бидат доделени во зависност од позициите бодови на играчите. Најдобриот добива пет бода, второпласираниот четири… петтиот еден поен, шесттиот ќе остане без бодови. Истата процедура ќе биде и кај тренерите и кај гласовите од новинарите на редакцијата на 24 Ракомет.

Читателите ќе можат да гласаат само за еден ракометар од секоја позиција и од дополнителните категории (најдобар дефанзивец, најдобар млад играч), а во зависност од збирот на гласовите ќе биде направена мини табела. И тука најдобриот ќе добие пет поени, второпласираниот четири… петтиот еден поен, шесттиот без поени.

На крајот ќе се соберат бодовите од четирите групи на гласачи и ќе се добие најдобриот играч на секоја од седумте позиции, а со тоа и најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, како и најдобриот дефанзивец и најдобриот млад играч.

Во случај на крајот од собирањето на бодовите, добиени од гласањата на новинарите, тренерите и читателите, да дојде до еднаков број на поени меѓу двајца или тројца играчи тогаш одлуката ќе биде во гласовите на новинарите. Оној што добил најмногу поени од новинарите ќе биде избран за најдобар на својата позиција.