Вие гласате: Изберете го најдоброто десно крило во Супер машката лига! (AНКЕТА)

Со завршувањето на регуларниот дел од сезоната 2018/2019 во Супер машката лига, редакцијата на 24Ракомет ви овозможува и годинава да гласате за најдобрите играчи кои покажаа најмногу во 18 кола од овој дел од шампионатот.

Ние се потрудивме на секоја позиција да ги избереме шестте играчи коишто покажаа најмногу, а ваше е да гласате за еден од нив и да учествувате во изборот на најдобар ракометар на секоја позиција, како и за најдобар млад играч и за најдобар дефанзивец.

Имате можност да дадете еден глас, а во продолжение можете да го изберете најдоброто десно крило на регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига.

ПРАВИЛА ЗА ГЛАСАЊЕ

Во изборот на најдобрата постава на регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига учествуваат новинари од спортските редакции од медиумите во Македонија. Учествуваат и тренерите на десетте екипи кои играа во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, сите читатели на 24 ракомет и новинарите кои се дел од редакцијата на 24 Ракомет.

Новинарите и тренерите за играчите од секоја позиција бодуваат на следниот начин. За најдобриот доделуваат по пет поени, па со ред до 1 поен. За секоја позиција има по шест ракометари, а бодови ќе има за петмина. На крајот бодовите од новинарите ќе бидат собрани и според тоа ќе биде направена мини табела на која ќе им бидат доделени во зависност од позициите бодови на играчите. Најдобриот добива пет бода, второпласираниот четири… петтиот еден поен, шесттиот ќе остане без бодови. Истата процедура ќе биде и кај тренерите и кај гласовите од новинарите на редакцијата на 24 Ракомет.

Читателите ќе можат да гласаат само за еден ракометар од секоја позиција и од дополнителните категории (најдобар дефанзивец, најдобар млад играч), а во зависност од збирот на гласовите ќе биде направена мини табела. И тука најдобриот ќе добие пет поени, второпласираниот четири… петтиот еден поен, шесттиот без поени.

На крајот ќе се соберат бодовите од четирите групи на гласачи и ќе се добие најдобриот играч на секоја од седумте позиции, а со тоа и најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, како и најдобриот дефанзивец и најдобриот млад играч.

Во случај на крајот од собирањето на бодовите, добиени од гласањата на новинарите, тренерите и читателите, да дојде до еднаков број на поени меѓу двајца или тројца играчи тогаш одлуката ќе биде во гласовите на новинарите. Оној што добил најмногу поени од новинарите ќе биде избран за најдобар на својата позиција.