Најдобрата Норвежанка операрирана, и следува нова пауза

Најдобрата ракометарка на Норвешка и нов играч на ЧСМ Букурешт, Нора Мерк ќе почека најмалку два до три месеци за да дебитира за новата екипа во Лигата на шампионите. Таа денеска беше оперирана поради повредата на коленото која ја обнови за време на натпреварот од Супер купот на Романија.

Новите информации се дека ќе мора да мирува 45 дена после оперативниот зафат, а овој период ќе го помине во Норвешка. На своите колешки од ЧСМ Букурешт ќе им се приклучи на средината од октомври, но само на тренинзи бидејќи дури тогаш ќе биде познато кога точно ќе може да се појави на натпреварите од Лигата на шампионите.

Мерк требаше да биде големо засилување за ЧСМ Букурешт во новата сезона, но нема да може да помогне на стартот. Таа се врати на терените после пауза од 14 месеци, па дефинитивно е една од најмалерозните и ќе мора да биде уште надвор извесен период.