Се врати на терен по 14 месеци, одигра едно полувреме и пак се повреди!

Норвешката репрезентативка Нора Мерк ја чека нова пауза од ракометните терени. Десниот бек дебитираше на официјален натпревар за романскиот првак ЧСМ Букурешт против Валчеа во Супер купот.

Таа одигра едно полувреме и на стартот на вториот дел се повреди. Иако првичните прогнози беа дека повредата на коленото не е сериозна, сепак на крајот излезе дека скинала лигаменти и ќе мора на нова операција.

Тоа значи пауза од најмалку шест месеци. Првата полусезона за неа е загубена, а и доколку се врати во пролетниот дел, сигурно нема да биде на ниво кое ќе биде доволно за борба со најдобрите европски екипи.

Мерк се врати на терените по 14 месеци пауза, но ќе мора да мине уште време на рехабилитација.