Наместо на мундијал, на операција

Победата на Русија на Моберлинген куп беше во сенка по лошата повреда на руската ракометарка, Вероника Гаранина. На последниот натпревар меѓу Русија и Холандија, Гаранина во еден налет кон противничкиот гол дошла до непријатен судир со две холандски ракометарки, по што се здобила со лоша повреда на Ахиловата тетива.

Ракометарката на Лада по операцијата на десната нога ќе паузира од теренот неколку месеци. Повредата доаѓа во најлош момент пред почетокот на светското првенство во Данска, каде младата Гаранина имаше загарантирано место во бековската линија на руската репрезентација.