Ристовска и ЦСКА немаа проблеми во градското дерби на Москва

Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нова победа во рускиот шампионат.

По минималниот триумф над Астраханочка, ЦСКА во два дена оствари уште еден, овојпат во градскиот дуел против Луч Москва со убедливи 33-15.

Ристовка како и на претходниот натпревар беше меѓу најдобрите  на теренот и успеа да постигне четири голови од пет обиди.