Митјиланд на тест натпревар против Савехоф

Екипата на Митјиланд од Данска ги запали моторите за престојната сезона. Главна цел на екипата е пласман во Лигата на шампионите, но за да се случи тоа мора прво да бидат победници во квалификациската група која се игра во Крагуевац.Митјиланд за противник го има домаќинот на квалификацискиот турнир, Раднички.  Екипата ја очекува и тешка борба во данскиот шампионат, со оглед на тоа дека Виборг и Твис Холстебро ќе бидат вистинска закана за освојување на шампионската титула.

Екипата ќе одигра два пријателски натпревари против шведскиот шампион, Савехоф. Во меѓувреме во Митјиланд екипата се подготвува на физички план со новиот играчки кадар. Големите измени во составот ќе бидат мал проблем за вклопување на екипата, но Хеле Томсен се надева на успешна сезона.

За клупскиот сајт на Митјиланд , Томсен за престојните подготовки изјави:

Имаме добри искуства со доаѓањето во Шведска, каде ги одржуваме подготoвките изминативе години. Добро е играчкиот кадар да биде заедно на неколку денови, бидејќи за разлика од претходните години имаме големи измени во екипата.