Маркоски одличен, Орошази во победничка низа

Македонскиот репрезентативен пикер Никола Маркоски, кој летово се пресели во унгарскиот тим Орошази, има одлични настапи во претсезонските натпревари.

На турнирот кој го организираше неговиот тим, беше освоено третото место со победата над Егер по пенали, 30:29. Маркоски на овој меч постигна 4 голови, додека на другите два во групата, против Мезоковешди даде исто така 4, додека на тимот на Вац му даде 1 гол.

Со добрата игра и во нападот, а пред се во одбраната, ја добива се почесто довербата на тренерот Јоровиќ и се чини дека ќе биде прва опција на пикерската позиција во унгарскиот тим.