Марија Штериова: Задоволна сум од прикажаната игра во Вац

Македонската интернационалка Марија Штериова е нова членка на унгарскиот суперлигашки клуб Вац. За неa Вац претставува нова средина, но и нов начин на култура, нов јазик, нов клуб, и нови предизвици пред себе.

Во деновите што изминаа, Штериова со новата екипа одигра неколку пријателски натпревари, а пред првите тренинзи во дресот на Вац имаше можност да се запознае со градот, клубот, навивачите, и своите клупски колешки.

 “Се чуствувам одлично . Вац е мал град но некако ми делува смирувачки, право место за да се посветам само на тренинзи и натпревари. Ме радува тоа што навивачите се дел и од пријателските натпревари и секогаш ја покажуваат нивната поддршка и лојалност кон клубот. До сега одигравме 4 пријателски натпревари и со полно срце можам да кажам дека сум задоволна од прикажаната игра.  Добро сум прифатена од сите играчи и имам голема поддршка од тренерот што е голем фактор во мојот развој како играч.”

Во врска дали е тежок  унгарскиот јазик, Штериова ни изјави дека е многу  тежок, но се надева дека ќе го совлада.

За унгарскиот јазик можам да кажам дека е навистина многу тежок јазик, но се трудам да го научам

-додаде Штериова за 24 ракомет.