Локомотива поразена од Замет на пријателски натпревар

Хрватскиот шампион- Локомотива Загреб ги започна подготовките за новата сезона. Градот Загреб како и фановите на Локомотива за прв пат во својата историја ќе гледаат натпревари на својот тим со големи тимови, бидејќи клубот како шампион на Хрватска обезбеди директно учество во Лигата на шампионите. Освен настапите во најквалитетното европско натпреварување, екипата ќе има тешка задача да ја одбрани двојната круна во Хрватска, ако се земе во предвид фактот дека најтрофејниот хрватски клуб – Подравка Вегета значително се засили за престојната сезона.

Во првиот пријателски натпревар, Локомотива Загреб загуби од екипата на ЖРК Замет со резултат 28:29. Локомотива имаше добар настап во првото полувреме и по водството од 6:3 во почетниот дел на натпреварот успеа да отиде на пауза од предност од еден погодок (17:16). Во вториот дел огромниот број на грешки на ракометарките на Локомотива Загреб ја доведоа во поповолна ситуација екипата на ЖРК Замет што на крај резултираше со нивен триумф.

РК Локомотива Загреб- ЖРК Замет 28:29 ( 17-16)

РК Локомотива Загреб: Јелчиќ, Разум, Бенко 1, Грубишиќ 2, Смилјаниќ 1, Ирман 3, Хрбкова 4, Јежиќ 4, Рајовиќ, Хавиќ 2, Милиќ, Божовиќ 3, Кожњак 3, Башиќ 3, Милановиќ Литре, Ловриќ 2.

Исклучување :4 минути, седмерци /

ЖРК Замет: Струкар, Шегота, Плахињек, Пауревиќ 3, Јеленовиќ, Јерчиновиќ 2, Милочиновиќ 2, Буниќ 3, Буквиќ 4, Тото, Милошевиќ 5, Гугиќ 2, Мичиевиќ5, Рајиќ 3.

Исклучување : 2 минути , седмерци 2/2