И Букурешт прави дрим тим

Романската екипа Букурешт за следната сезона создава дрим тим. Со новиот играчки состав, екипата на Букурешт ќе претставува сериозна конкуренција на Баја Маре во романското првенство. Иако нема да игра во Лигата на шампионите, тие ќе се обидат да го освојат Купот на Европа. Според најавите нов тренер на Букурешт би требало да биде данскиот стратег Јакоб Вестергард.  Најново засилување е Кармен Мартин, репрезентативка на Шпанија и ракометарка на Крим Меркатор. Претходно клубот ги ангажираше двете ракометарки од Крим Меркатор, Оана Манеа и Толнаи Талида кои порано го напуштија Крим, и потпишаа договор со Букурешт. Во Букурешт ќе бидат и златните бразилки од СП во Србија, Да Силва, Ана Паула Родигрес, Кавалеиро и Песоа. Голманката Песоа се покажа во одлично светло во дресот на Динамо Волгоград каде одигра значајна улога во освојувањето на рускиот шампионат. Се уште не се потврдени трансферите на русинката Екатерина Веткова и репрезентативката на Шведска Линеа Торстенсон.