Ивиќ не доаѓа во Вардар, блиску е до камбек во Загреб

Иако пред неколку дена полските медиуми најавија преселба на голманот на Келце, Филип Ивиќ, во редовите на македонскиот првак Вардар, се чини дека нема да има ништо од тоа.

Ивиќ трета сезона е дел од полскиот шампион, но не доби шанса каква што посакуваше, бидејќи претходно Шмал, а сега Цупара му беа конкуренти.

Следната сезона во Келце доаѓа и германскиот репрезентативен голман Андреас Вулф, па Ивиќ реши да си ја побара среќата, односно минутажата во позната средина.

Тој е на добар пат да се врати во хрватскиот првак Загреб, чиј гол го бранеше цели шест сезони и се афирмираше на ракометната сцена.

Ивиќ би требало да биде замената за словенечкиот голман Урх Кастелиц, кој си заминува од Загреб на лето и ќе се пресели во бундеслигашот Гепинген.