Голман на Келце ќе потпише за Вардар?

Откако стана јасно дека пивотот Рожерио Мораеш се сели во Веспрем, а претходно и дека Даини Кристопанс оди во ПСЖ следната година конечно се појави и информација околу доаѓање на нов ракометар кој би требало да биде засилување за „црвено-црните“.

Голманската позиција би можела да биде засилена со ракометар на Келце, а се работи за интернационалецот од Хрватска, Филип Ивиќ, кој незадоволен од фактот да биде втор голман си заминува од шампионот на Полска. Ивиќ следната сезона ќе треба да му биде резерва на Андреас Волф.

Овие вести ги објавува медиум од Полска, но нема официјална потврда за нив. Засега се само гласини, но јасно е дека на Вардар му треба уште еден голман кој има искуство со настапи во Лигата на шампионите, кој ќе може да донесе квалитет плус во играта. Ивиќ е играч кој зад себе има голем број на настапи и со Загреб и со Келце, а не настапи на последниот Мундијал бидејќи Червар го остави како трет избор за голманската позиција во Хрватска.

За многу брзо време сигурно ќе се знае дали има вистина во овие информации околу трансферот на Ивиќ во Вардар, а доколку се оствари тогаш „црвено-црните“ ќе добијат одличен голман.

Инаку, Келце веќе најде замена за Ивиќ и на неговото место во клубот доаѓа Матеуш Корнецки од тимот на Горник Забрзе. Тој ќе треба да биде поддршка за Волф во следната сезона. Колку за потсетување колегата на Ивиќ од оваа сезона од голот на Келце, Драган Цупара пред нешто повеќе од еден месец потпиша за Веспрем.