Елена Ѓоргиевска со Баја Маре победник на турнирот во Михаловце

Михаловце од Словачка беше домаќин на ракометниот турнир кој се одржа од 8 до 10 август. Покрај домаќинот Михаловце, учесници на овој тунир беа и романската Баја Маре, Астраханочка од Русија и Дебрецен од Унгарија.

По подобрата игра во финалето, победник на овој турнир е Баја Маре. Гејгер и Макеева ја предводеа Баја Маре до победата над Астраханочка со резултат од 32:24. Во борбата за третата позиција, домашната екипа на Михаловце беше подобра од Дебрецен со 27:24.

Во добро светло во Баја Маре се покажа репрезентативката на Македонија – Елена Ѓоргиевска која одигра голема улога во романската екипа и во финалето против Астраханочка беше стрелец на три погодоци.