Душебаев два месеци без Јурецки

Левиот бек на Виве Киелце и полската репрезентација, Михал Јурецки, ја повреди тетивата на десната нога, па операција ќе биде неминовна. Тој ја заработи оваа повреда на последниот меч на ОИ во Рио против Египет, кога соиграчот Кус, го згазна на ногата.

По деталните анализи и прегледи во Полска, утврдено е дека на терените ќе се врати во последниот месец од годинава, што ќе биде голем хендикеп за Киелце, и тренерот Талант Душебаев кој ја брани европската титула. Полскиот шампион е во иста група со Вардар, а Јурецки нема да игра на првиот меч во Скопје.