Брковите талични за Митревски и Бенфика (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговата Бенфика го освоија првиот сезонски трофеј. Бенфика славеше над шампиониот Брага со 25:24, во пресметката во Супер Купот на Португалија.

Митревски одигра склоро цело полувреме за актуелниот освојувач на португалскиот Куп и успеа да одбрани 8 противнички удари. Најефиксен во неговиот тим Видраго со 5 голови, додека поранешниот вардарец Стефан Терзиќ даде 2 гола.

Очигледно дека новиот имиџ на Митревски со брковите беше среќен за неговиот тим.

nikola