Брегенц го освои австрискиот Супер Куп

Доколку се суди по мечот во Супер Купот, сигурно сезонава не очекува интересен шампионат во Австрија. Веќе неколку години на тронот се менуваат Алпла Хард и АОН Фиверс, а после шест години и тимот на Брегенц успеа да освои трофеј.

Тие го освоија Супер Купот, откако беа подобри од АОН Фиверс со 31:28. Клопчиќ беше најефикасен на овој меч со 7 голови, додека пикерот Бељански даде 5, а поранешниот ракометар на Металург, Марко Бувиниќ беше стрелец на 3.  Во Фиверс најмногу даде Иван Мартиновиќ, вкупно 6.