Бајрамовска со Крим го освои Супер Купот на Словенија (ФОТО+ВИДЕО)

Словенечкиот Крим, каде игра македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска, со победата над шампионот Загорје, 27:20, го освои Супер Купот на Словенија.

Бајрамовска на овој меч постигна 4 голови и беше трет стрелец во нејзиниот тим. Овој меч се одигра како предигра на машкиот Супер Куп меѓу Целје и Копер, на отвореното ракометно игралиште во Порторож.

krim