Бартош Јурецки се збогува со националниот тим

Пикерот на репрезентацијата на Полска, Бартош Јурецки, реши да ја заврши репрезентативната кариера по завршувањето на Олимписките Игри во Рио. 37-годишниот брат на левиот бек Михал Јурецки, го имаше дебито за Полска во 2005 година.

Тој беше дел и од најголемите успеси на полскиот национален тим кога го освоија среброто на СП во 2007 година, како и во 2009 и 2015 година, кога во Хрватска и Катар, Полјаците ги освоија бронзените медали.

Јурецки најголем дел од кариерата играше за Магдебург, а моментално е ракометар на полскиот Чобри Глогов.