Амандин Лејно: Сакам да одам чекор понапред со Вардар

Француската голманка Амандин Лејно беше една од клучните ракометарки во екипата на Вардар оваа сезона. Со одличните настапи му помогна на тимот да го подобри слабиот почеток на сезоната. Со нејзините 20 одбрани одигра голема улога во победата против Ларвик во првиот четврт-финален дуел и го донесе Вардар на чекор до третиот пласман меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Лејно во интервју за ЕХФ говори за енергијата во тимот на Вардар, своето видување за настапите на Вардар оваа сезона како и нејзините желби и очекувања од престојниот период.

Вардар го „сруши“ Ларвик во Скопје. Што според Вас беше клучот за големата победа? 

„ Почнавме добро во првите десет минути и тоа ни донесе многу самодоверба. Нашата одбрана беше одлична и ни овозможи лесни голови во контра напад. Игравме многу брзо, добивавме самодоверба и едноставно беше невозможно да нè сопрат. Не очекував дека ќе победиме со толкава гол разлика, но среќна сум што покажавме супериорност. “

-Номинирана сте во „ол стар“ тимот, оваа сезона. Што ова значи за Вас? 

„ Огромно е задоволството што сум номинирана за дел од „ол стар“ тимот, но за мене лично тимскиот успех е поважен.

– Можете ли да ни го кажете вашето видување за настапите на Вардар во сезоната до сега?

„ Мислам дека бевме малку нервозни на почетокот од сезоната бидејќи не игравме многу добро но како што поминува времето ја подобривме формата. Ова е делот од сезоната кога ако започнеш лошо едноставно мораш да напредуваш кон подобро, а нас ни се случи токму тоа. Моите настапи се подобрија благодарение на моите соиграчи кои изиграа добро во одбраната и ова ме прави посебно среќна. “

-Питлик ја напушти позицијата помошник тренер, а неговото место го зазема Давид Дејвис. Какви промени донесе тој за екипата?

 „ Тие се многу добри тренери и нема ни една лоша работа што може да се каже за нив. Како и сите тренери и тие целат кон тоа да го подготват тимот за победи. Како и да е двајцата имаат различен стил и нè учат различни работи што излезе дека е добро за нас бидејќи имавме микс од стилови во текот на сезоната. Кога станува збор за Давид Дејвис една работа која е карактеристична за него е упорноста. Тој не се откажува додека не ја исполниме задачата што ни ја задал и ако треба ја повторуваме истата работа одново и одново. “

lejno

 –Имаше многу гласини оваа сезона, но на крајот Вие го продолжите договорот со Вардар. Зошто одлучивте да останете?

 „ Долго сум овде и едноставно се навикнав на Скопје. Го сакам тимот и го обожавам ова место. Со мојот тим бевме учесници на Фајнл-форот и малку ни требаше да направиме голем успех, но не успеавме да го освоиме највисокото место во Будимпешта. Сè уште сметам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите бидејќи нашиот тим е одличен и посакувам да направам чекор понапред со овој клуб. Поентата е дека кога ќе започнам нешто сакам да го завршам и сакам да го освојам трофејот со овој клуб. “

-Колкав напредок имате на професионален план за време на престојот во Вардар?

 „Мислам дека ги имаме сите услови овде и одлично е кога ги имаш сите можни објекти на исто место. Пред да дојдам овде имав многу натпревари во домашното првенство и беше тешко да играш цело време. Овде немаме толку многу натпревари и мислам дека напредокот е во мојата глава бидејќи сега имам многу повеќе време да размислувам за сè. “

 -Две сезони по ред Вардар стигнува до бронзениот медал. Што му е потребно на Вардар да се надмине ова достигнување?

„ Да знаев, веднаш ќе го направев тоа. Можеби грешам ,но овој тим игра неколку години заедно и сега конечно се чувствуваме на теренот и врската е многу подобра. Мислам дека ова е нешто што ќе не однесе чекор понапред.

-За Вардар потпишаа неколку играчи за следната сезона. Колку сте задоволна од ростерот за следната сезона?

 „ Секој посакува да има тим како нашиот. Ќе ни се придружат добри играчи. Имаме микс од култури и тоа може да биде само позитивно за нас. Сега, откако ќе ја имаме норвешката ракометарка Камила Херем во тимот можеби таа ќе ни покаже некои норвешки тајни за успех. “