EП Квалификации: Германија ја совлада Шпанија, за прва позиција во групата седум

Во еден супер интересен и неизвесен натпревар помеѓу двата ракометни гиганти Германија и Шпанија, германците успеаа да ја остварат третата победа од три одиграни натпревари и со шест бодови се наоѓаат на првата позиција во групата 7. Во натпревар во кој германците во поголемиот дел ја имаа позитивата на своја страна, а шпанскиот состав постојано го држеше натпреварот во неизвесност сепак на крајот четата на германскиот селектор, Дагур Сигурдсон славеше со конечни 29-28 (17-15).

ГЕРМАНИЈА-ШПАНИЈА 29-28 (17-15)

Во натпревар со многу трчање, вистинска борба на теренот, но и релативно мал број на исклучувања на обете страни, Германскиот национален тим имаше имаше повеќе среќа во завршницата и успеа да стигне до значајни бодови кои за момент го искачија на првата позиција на табелата во групата 7.
Почетокот на натпреварот им припадна на шпанските ракометари, но германците искористувајки го исклучувањето на шпанскиот пикер Андреу испеаа да се вратат во игра и на средината на првиот дел поведоа со +3 (8-5).Двете репрезентации неколку пати се менуваа во водство, пред Германија да замине на полувреме со два голови позитива 17-15.

Во вториот дел Валеро Ривера беше најрасположен за игра во шпанскиот состав (постигна 10 гола) и покрај водството на германците ја одржуваше својата репрезентација во игра до самиот крај на натпреварот. Во последните десетина минути се влезе со резултат 26-25 за Германија, но Шпанците секогаш го имаа одговорот во офанзивата. Сепак на деведесет секунди до крајот Винчек успеа да го постигне решавачкиот погодок на овој натпревар за конечни 29-28 во корист на Германија и прва позиција во групата 7 со максимални три победи од три одиграни натпревари.

Најпрецизни во германскиот состав беа Генсхајмер со 9, и Пишковски и Вајнхолд со по 5 гола. Кај црвената фурија убедливо најпрецизен беше Ривера со 10, додека Македа беше стрелец на 4 погодоци.

Реванш натпреварот се игра Шпанија во недела.