Брест Мешков преку Татран на Металург во групата А од Лигата на шампионите

Металург го доби и последниот противник во групната фаза од Лигата на шампионите. Во финалниот дуел од квалификациската група 1, домаќинот Брест Мешков го совлада словачкиот шампион Татран Прешов со 26-24 (12-12) и го завзема последното место во групата А каде покрај македонскиот првак ќе се надигрува со Кил, Париз Сент Жермен, Натурхаус Ла Роха и ППД Загреб.

2.e4a730f2665774473257e32e023cf9c51340

Во најинтересниот и неизвесен натпревар Брест успешно ја премости последната пречка до групната фаза на Лигата на шампионите. По неколку години интензивно вложување во белорускиот клубот и несреќниот распад на најквалитетниот белоруски состав Динамо Минск, Брест конечно ќе се најде меѓу 24 екипи кои ќе се надигруваат во најсилнoтo ракометно натпреварување во светот.

Домаќинот го диктираше темпото на финалниот натпревар, а кога ќе направеше посериозна разлика која на моменти достигнуваше до пет погодоци, Татран секогаш успешно се враќаше во игра. Но покрај храброста на гостите им недостигаше и среќа која на крајот ги чинеше место во Лигата на шампиони.

На крилата на Џанис Рутенка кој постигна 6 голови и Љубо Вукиќ кој погоди 4 пати, екипата на Брест Мешков ќе го прославува првото учество во групната фаза на Лигата на шампионите. Кај поразените словаци, Антл со 6 и Копчо со 5 беа најефикасни.

Финалниот натпревар на квалификацискиот турнир од група 1 го судеше македонската судиска двојка Кркачев-Колевски.

Татран ќе има можност да се реваншира за овој пораз веќе во ноември во рамките на СЕХА лигата.