Шпигел открива голем скандал во Фленсбург

Германската ракометна јавност ја тресе голем скандал, а тој доаѓа од академијата на Фленсбург. Ракометарите на овој клуб биле мачени, сексуално малтретирани и подлегнале под болно-предизвикувачки ритуали. Оваа информација ја рашири германскиот медиум „Шпигел“, а обвинителите ја водат истрагата на терен.

Објавено е дека ваквите случаи на мачење и тортура се провлекуваат во академијата на Фленсбург веќе неколку години по ред. Истагата почна веднаш после сторијата објавена од „Шпигел“.

Како што е познато за истрагата, еден млад ракометар бил доведен до очај од слични „булинг“ случаи вклучувајќи и сексуално малтретирање. Од доживеаната траума, младиот член на академијата на Фленсбург прекинал да игра ракомет, а му бил диагностициран пост трауматски синдром.