Куманово не е подготвено за Купот: Уништен паркет, искршени прозорци, крш соблекувални… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од денеска до сабота во Спортската сала во Куманово се играат натпреварите од завршницата на Купот на Македонија, а четирите најдобри екипи во машка и во женска конкуренција ќе се борат за новиот пехар.

Годинава одлуката падна на Куманово, а условите во кои ќе се играат натпреварите не се најдобри. Салата во Куманово е целосно запуштена. Има дупки на прозорците, соблекувалните не се средени со години, па покрај клупите и по некое столче не одговараат на потребите за организирање на натпревари од висок ранкинг.

И додека искршениот паркет (некаде недостигаат делови од него) може на некој начин и да се санира со поставување на подлога, соблекувалните се навистина очајни ако се има предвид дека тука утре ќе гостуваат три екипи кои во оваа сезона играа во групната фаза од Лигата на шампионите и Купот на ЕХФ. Воедно ќе игра и трикратниот учесник на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите во Келн.

Кога веќе беше земена организација на натпреварите требаше колку-толку салата да се нашминка. На ден до првите натпревари салата изгледаше лошо, а тоа можете да го видите и од фотографиите во продолжение.