Червар скршил врата од орман во Панчево

Тренерот на Металург, Лино Червар после победата над Динамо се потсети на времето кога беше тренер на Умаг и кога имал непријатна случка. Во нервоза удрил во орман при што ја скршил вратата, па уште се сеќава на тие моменти.

„Драго ми е што Динамо игра во СЕХА-лигата. Во Панчево сум по вторпат. Овде бев со Умаг, кого го внесов во Првата лига. Се сеќавам дека загубивме со еден гол разлика, па онака изнервиран, во ходникот, овде во салата, со нога скршив врата од орманот. Динамо беше тогаш главното место на ракометот во Србија, а драго ми е дека клубот се реафирмира. Што се однесува до натпреварот бевме подобри во однос на средбата со Вардар. Од почетокот го диктиравме темпото. Го менувавме нападот исто како и одбраната. Имавме добра анализа, прикажавме добар ракомет и заслужено победивме“, изјави Червар.

Mеталург победи на гостувањето кај Динамо со 25-20 за прв триумф сезонава во СЕХА лигата.