Металург до нова победа против помалиот брат

Металург стигна до својата втора победа во македонскиот ракометен плеј оф, совладувајќи го својот младински тим Металург Јуниор со 32-26.Металург рутински го одигра овој натпревар против младите Металурзи кој претставуваше последен тренинг пред историскиот натпревар против Кил кој на програмата е во сабота. Најефикасни на натпреварот беа Златко Мојсовски(8) кај Металург и Филип Талески(7) кај Металург Јуниор.

РК Металург – РК Металург Јуниор  32:26 (15:12)

РК Металург: Митревски, Мијатовиќ, Ојлески 4, Пецаковски 1, Манасков 5, Миркуловски, В.Маркоски 1, Н.Маркоски 2, Мојсоски 8, Атман 2, Циндриќ 2, Кеџо 3, Јоновски, Борозан 3, Мандиќ и Пешевски 1.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 4 минути.

РК Металург Јуниор: Ивановски, Даниловски, Бошковски 2, Бешлиевски 1, Костески 2, И.Крстевски 1, Велковски 2, Маркудов, Ставридис 1, Талески 7, Давитковски 1, Матијашиќ 2, Бој.Маџовски 2, Г.Крстевски 3 и Палевски 2.

Судии: Белимов Ерик и Бајрам Денис од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.