Циндриќ го освои првиот трофеј со Барса

Некогашниот ракометар на Металург, Вардар и Келце, Лука Циндриќ, имаше официјално деби за каталонскиот гигант Барселона.

Барса го освои каталонскиот Суперкуп откако славеше над Грањолерс со убедливи 43-24, а Хрватот беше меѓу најдобрите.

Фабрегас даде седум голови, Пасквал беше стрелец на шест, додека Циндриќ постигна четири погодоци.