24Ракомет на “ПОЛУВРЕМЕ” со Олга Черноиваненко: Сонувам да играм пред ваква публика

Во текот на летниот период македонскиот шампион Вардар во своите редови ја доведе Олга Черноиваненко со што дополнително ја засили десната крилна позиција. Младата русинка одигра одлична сезона во дресот на Лада и капитенски го предводеше тимот до победа во ЕХФ купот како и до сребрен медал во домашното првенство.

На нешто повеќе од две недели пред старот на Лигата на Шампионите, прочитајте го ексклузивното “ПОЛУВРЕМЕ” на 24ракомет и дознајте повеќе за нејзината кариера во Русија, кога и за очекувањата од новата екипа.

-Раскажете ни накратко која е Олга Черноиваненко?

Јас сум личност која го сака ракометот и сакам да постигнувам максимални резултати во тоа што го правам. Голем критичар сум на себе и никогаш не сум во целост задоволна од себеси но не се плашам да работам. Секогаш имам цели кон кои се стремам и верувам дека оној што работи вредно, ќе добие се што сака.

-Одигравте одлична сезона со Лада и капитенски го предводевте тимот до победа во ЕХФ купот како и второто место во домашното првенство. Што е тајната на вашиот успех?

Тешко е да се одговори на ова прашање бидејќи ние прилично лошо ја почнавме сезоната и имавме многу варијации во играта со добри и лоши изданија. Сепак на крајот на сезоната едноставно работите ни тргнаа од рака и изигравме на врвно ниво. Последните натпревари беа особено интересни бидејќи успеавме да го победиме Ростов и да поминеме во финалето. Со оваа екипа неколку години имавме потешкоти па затоа големата победа која ја забележавме над нив ни даде крилија во европските натпреварувања каде што успеавме да го освоиме златото. Со доаѓањето на новиот тренер Акопјан доста се работеше на тактичкиот дел од играта, и ние секако имавме еден колектив во кој владееше слога и ова во голема мера допринесе за големи победи на екипата.

10469136_10153206088092977_7065424099478440674_o

-Што и недостасуваше на екипата на Лада за златото во Русија?

Ни недостасуваше повеќе сила и верба во себе. На моменти бевме толку блиску до победата и тогаш во клучните делови ја препуштавме својата позиција што на крај резултираше со пораз, но секако одличен е резултатот кој ние го постигнавме.

-Во што се разликува улогата на капитенот од останатите играчи?

Секако дека постои разлика кога сте капитен на екипата. Така се наредија работите што во мината сезона оваа улога ми беше доделена мене во тимот на Лада. Морам да напоменам дека кога се наоѓате на капитенската позиција тогаш од вас се бара поголема стабилност во играта, а воедно треба да бидете пример за останатите играчи, особено пред помладите што секако носи многу поголема одговорност.

Aa_8GNquZUE

-Кои се главни фаворити за титулата оваа сезона во руското првенство, и кои се вашите очекувања од престојното Европското првенство во Хрватска и Унгарија?

Повеќе екипи се во игра оваа сезона. Ростов се засили како и Астраханочка која доведе доста играчи, и според почетниот ростер тие се двата најголеми фаворити во моментов. Секако тука се и екипите на Лада, Звезда и Динамо. Го следев првиот натпревар на Лада и тие играа против Мајкоп. Иако се работи за доста послаба екипа и Лада убедливо го доби натпреварот, можеше да се забележи добра игра од нивна страна. Карактерестично за рускиот шампионат е тоа што тој е многу непредвидлив, има доста изнадувања и ќе биде интересно да се следи што ќе се случува таму.

Што се однесува до Европското првенство во Унгарија и Хрватска сметам дека шансите се отворени за сите репрезентации. Ние имаме одличен состав со многу квалитетни и млади играчи кои секогаш се стремат кон победи. Имаме уште доста време пред нас, битно е да се подготвиме физички и тактички и понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат нештата.

-Зашто го избравте Вардар?

Едноставно решив дека сакам да пробам нешто ново и особено голема беше желбата да играм надвор од границите на Русија и да настапувам во Лигата на Шампионите. Пред неколку години играв со Лада во Лигата на шампионите против Хипо, Ѓер и потоа следуваше период од неколку години во кои ние не стигавме до ова натпреварување. Секако дека е добро да се игра со играчи од светска класа и на тој начин и сам напредуваш. Чувството е поинакво и секако тренизите се поинакви.

-Какви се вашите очекување во оваа сезона?

Одигравме одлично на турнирот “handball fiesta” и успеавме да победме против силни екипи кои се  познати по својата стабилност. Одработивме добро во одбрана и во голема мера го сработивме тоа што ни беше кажано од тренерот. Се надеваме дека и во иднина ќе бележиме само победи. Дури и кога настапував во Русија секогаш приоритет ми беше првото место. Сметам дека оваа сезона екипата е составена од доста квалитетни играчи и целта е да се стигне до финалниот турнир во Будимпешта и секако да се бориме за златото.

t4wKEi8eoKk

-Колку го запознавте Скопје во изминатиот период?

Јас многу сакам природа и особено ги обожавам планините. Затоа кога се искачив на Водно се чуствував прекрасно. Одлично е кога можеш целиот град да го видиш од една таква позиција. Градот доста ми се допаѓа, има доста нови згради кои се убави но ќе имам доста време да истражам и нови места тука. Сепак најглавното е што тука луѓето се многу добри и пријатни.

-Која е разликата меѓу Вардар и Лада?

Постои разлика во тренинзите бидејќи тука има многу физички тренизни кои вклучуваат теретана и трчање но она што е исто и што ме чини среќна е тоа што во двата тима имам среќа што има одличен колектив. Во Лада бев дома но и тука се чуствувам како дома.

-Колку знаете за македонската публика?

Честопати сум гледала на телевизиски натпревари како македонските навивачи ја подржуваат својата екипа и сега имам можност да видам како изгледа тоа во живо. Прекрасна е атмосферата. Луѓето тука го сакаат ракометот и се добива чувство како и тие да се на теренот да играт со екипата. Сонувам да играм пред ваква публика.

-Ако не потпишевте за Вардар, кој ќе беше вашиот избор?

Имав понуди во Русија и понуди од странство. Можеби ако не потпишев за Вардар тогаш ќе останев дома и повторно ќе настапував во руското првенство. Сепак многу ми е мило што предлогот на Сергеј Самсонеко дојде во вистинско време и мене ми се исполни желбата да играм на страна и во еден силен клуб како Вардар.

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

[Best_Wordpress_Gallery id=”4″ gal_title=”Олга Черноиваненко”]