24Ракомет на ПОЛУВРЕМЕ со Еставана Полман: Холандската убавица на ракометниот терен

Една од најталентираните ракометарки на денешницата, Холанѓанката Еставана Полман во ексклузивното ПОЛУВРЕМЕ за 24Ракомет говори за почетоците на нејзината кариера, предизвикот да се настапува во данското првенство како и за впечатоците од нејзиното гостување во Скопје.

Раскажете ни повеќе за вашата кариера. Како дојде до трансферот во Есбјерг?

Кога имав само 5 години започнав да тренирам ракомет и на 13 години стигнав до професионално ниво кога заиграв за еден клуб во Холандија. Бев меѓу најмладите во тимот и брзо напредував па со само 18 години направив трансфер во Данска. Тука играм веќе 4 години и ќе играм дополнително уште една година поради договорот кој го продолжив. Добрите игри ме доведоа до репрезентацијата на Холандија со кој забележуваме доста добри резултати во последно време.

Што се однесува пак до достигнувањата, во данското првенство бев прогласена два пати за најдобар лев бек во првенството и признанието за најдобар стрелец исто така во два наврати ми припадна мене. Бев номинирана во иста категорија со Пенезиќ за најдобар лев бек што е навистина голем успех за мене и знам дека немам шанси со играч од нејзин калибар, но за мене самата номинација преставува огромна чест.

Со само 22 години имате многу успеси зад себе. Што е тајната на вашиот успех?

Секогаш се обидувам да дадам максимум од себе, но најбитно е тоа што сакам да се забавувам. Доколку не уживате во тоа што го правите тогаш е исто како ништо да не сте посигнале во животот.

Вашата екипа беше поразена од Ерд во ЕХФ купот. Која е причината за овој пораз?

Играме навистина лошо во двата натпревари. Морам да напоменам дека унгарките имаат навистина добар тим оваа сезона и тие покажаа вистинска борбеност и одиграа добро против нас. Едноставно мораме да признаеме дека беа подобри од нас и да се справиме со фактот дека ние не игравме на она ниво кое што е типично за нас што на крајот резултираше со пораз кој не елиминираше од понатамошната борба во ЕХФ купот.

11092691_10153708720617977_1892553750_n

Кој тим е најсилен во моментов? Очигледно изборот е помеѓу Ларвик и Будуќност или сметате дека има и трет тим кој може да се замеша за титулата во Лигата на Шампионите?

Мислам дека Будуќност имаат најголеми шанси да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона.

Многу се зборува за грубата одбрана која ја практикува Будуќност. Какво е вашето мислење за однос на ова?

Имам искуство против оваа одбрана и можам да кажам дека е доста тешко да се игра против таква одбрана. Но, додека судиите ја толерираат нивната игра и сметаат дека е во рамките на дозволеното не може да кажеме ништо негативно за тој стил на игра. Будуќност има многу добри играчи и кога играат во одбрана немаат намера да повредат некого што е сосема во ред. Поради играчкиот кадар и она што ти го прикажуваат до сега мислам дека тие се тимот со најголеми шанси да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона.

Неколку тимови од данското првенство се соочуваат со финансиски проблеми во последно време, доколку добиете понуда за заиграте во Македонија или некаде на страна дали би ја прифатиле ваквата понуда?

Јас сум уште многу млада, имам само 22 години,  во моментов морам да видам каде се моите најдобри можности и каде јас можам најмногу да напредувам. Затоа се одлучив да потпишам уште една година со Есбјерг и мислам дека во овој тим можам уште доста да се развивам физички како и во одбраната па дури тоа треба да одлучам дали ќе заминам некаде на страна.

11094032_10153708720642977_421397632_n

Кој е вашиот најголем ривал за титулата во данското првенство оваа сезона?

Данското првенство е едно од најинтересните во Европа и секоја година неизвесно е кој ќе биде носителот на титула. Митјиланд ни е најголем противник во оваа сезона. Но ние прво мораме да играме во полуфиналето и тука да победиме за да ги сретнеме нив во финалето. Секако се надеваме дека нештата ќе се одвиваат во добра насока за нас и ќе играме против нив во финалната серија.

Кога вашиот тренер Ларс Фредериксен беше во екипата на Колдинг имаше репутација на тренер која инсистра на бавен ракомет со цел да ги намали техничките грешки, кажете ни нешто повеќе за него? Каква е неговата смисла за хумор?

Тој навистина изгледа доста сериозно, но е многу смешен човек со голема смисла за хумор. Често пати знае да каже некоја шега и поради неговиот сериозен изглед сите да се запрашаат од каде излезе оваа шега.

Сепак како тренер сметам дека е вистински професионалец, кој работи многу на тимската игра поради големиот број на играчи со кој располага Есбјерг. Ми се допаѓа начинот на кој што ја води екипата и што им дава можности на сите играчи.

Вашиот помошник тренер Ларс Јепесен настапуваше за големи клубови како Фленсбург и Барселона, што добива вашиот тим од неговото искуство?

Тој е навистина добар тренер и има доста постигнато за време на неговата играчка кариера и големината што нашата екипа је добива е тоа што ги забележува деталите. Тоа е многу добро за тимот бидејќи неговите совети се од голема корист со што ни помага да ги согледаме работите на поинаков и секако подобар начин.

Esbjerg (10)

Вардар во својот состав како помошник тренер го има Јан Питлик, што мислите за него?

Јас не го познавам Питлик многу добро, но ја знам неговата работа во данскиот национален тим. Мислам дека е доста добар тренер иако јас не сум ја имала шансата да тренирам со него и поради тоа не би можела да кажам повеќе за него. Она што можам да го потврдам е дека тој знае што прави и мислам дека Вардар добива многу од неговото присуство во тимот.

Кој е вашиот најголем успех со холандската репрезентација? Можеби победата против Русија во квалификациите натпревари?

Да, дефинитивно тоа беше една огромна и луда победа. Сите знаеме што значи Русија за женскиот ракомет и колку Холандија е мала во однос на нив, што го прави нашито достигнување уште поголемо. Секогаш е тешко да се игра во Русија не само репрезентацијата, но исто така и на клубско ниво каде што во неколку наврати игравме против силни руски клубови во европските натпреварувања.

Дали ова патување во Скопје значи подобра подготовка за вашиот тим за идните натпревари во европските купови?

Имаме одлична можност да тренираме со еден од најдобрите тимови во светот и сметам дека е огромна предност што делиме искуство со тим од друга земја. Но, ова патување за нас исто така значи и подобра подготовка, бидјеќи не чека тежок натпревар во данското првенство каде што ќе играме во полуфиналето и ќе се бориме за титулата во домашното првенство.

Голема предност е тоа што овој тим има многу добри играчи  од кои можеш многу да научиш. Тие играат добро во одбрана што е многу поразлично од другите тимови во данската лига и на нас ни овозможува да научиме многу работи од нив. Исто така придобивка за нас од ова гостување во Скопје е тоа што ние немаме доволно натпревари во последно време и со ова ќе се подготвиме подобро за претстојните предизвици.

11081721_10153708718592977_1855906430_n

Какво е вашето мислење за Вардар? Што мислите за нивните шанси во Лигата на шампионите?

Тие ќе играат против Ѓер и тоа ќе биде доста интересен, но истовремено и тежок натпревар за двете екипи и мислам дека Вардар има шанса да победи ако екипата даде 100% од себе на теренот. Ѓер има доста проблеми со повредени играчи оваа година што исто така е добра можност за Вардар.

Веќе неколку дена сте тука, какви се вашите впечатоци од Скопје?

Поради тренинзите не можеме да видиме многу од градот. Еден ден бевме до големиот шопинг центар (City Mall)  кој ми се допадна, но од она што го видов во близна на салата градот ми изгледа добро. Тука имаме еден одличен спортски објект и играчите ги имаат сите работи што им се потребни на едно место што е навистина добро.

Многумина се прашуваат зошто не сте ја испробале среќата во манекенските води?

Ви благодарам за комплиментот, но искрено да ви кажам не чуствувам дека сум доволно нежна за да зачекорам на модна писта но секогаш е пријатно да се слушне дека околината така ме доживува.

 

ФОТОГАЛЕРИЈА:

[Best_Wordpress_Gallery id=”72″ gal_title=”Полман”]