24Ракомет на ПОЛУВРЕМЕ со Алена Ихнева: Ја донесов правилната одлука со преминот во Вардар

Една од најталетнираните ракометарки на денешницата – младиот лев бек Алена Ихнева со само 19 години има бројни успеси позади себе. Неколку титули од јуниорските и младинските првенства, медали од рускиот шампионат како и злато од ЕХФ купот се дел од колекцијата на членката на македонскиот шампион – ЖРК Вардар.

Во ЕКСКЛУЗИВНОТО ПОЛУВРЕМЕ за 24ракомет.мк Алена Ихнева говори за нејзиното доаѓање во Скопје, импресиите од градот како и за очекувањата во новата сезона.

-На што се должи брзиот прогрес во екипите на Лада? Како дојде до трансферот во Вардар?

Започнав да тренирам ракомет на 10 години и притоа ги поминав сите екипи на Лада. Школата на Лада е одлична и добро е што ја имав можноста да поминам низ неколку нивоа за да стигнам до првата екипа со која постигнав добри резултати. Потоа реков дека ќе играм или во Лада или ќе заминам надвор од Русија. Едноставно не сакав да играм за некој други руски клуб а тоа да не биде Лада бидејќи во овој клуб се започна за мене.

Кога бев на подготовки со јуниорската репрезентација веќе сите играчи знаеа каде ќе продолжат да играат а јас сеуште ја немав донесно одлуката. Во тој момент стигна понудата од Вардар и иако имав различни понуди и доста размислував сепак решив деќа ќе играм на страна и бидејќи сакав и понатаму да напредувам и сметам дека одлуката да преминам во Вардар е правилна.

-Како гледате на конкуренцијата во тимот? Дали ви преставува проблем што играте на иста позиција со квалитетна ракометарка како Пенeзиќ?

Сите играчи имаат добри и лоши моменти. На секој му се случува да игра некогаш одлично, а некогаш да се покаже во слабо издание. Затоа знаев дека без разлика на се ќе имам шанса да играм и јас и да се докажувам во оваа екипа. Иако другите играчи имаат многу повеќе искуство, повеќе натпревари и поголеми успеси позади нив, мене ми е предизвик да играм со такви играчи бидејќи на тој начин и јас напредувам и учам од нив. Не можам да кажам дека имам некој дефиниран стил на игра но она што можам да го истакнам дека секогаш се трудам да ја одработам мојата задача максимално.

10906644_10204441424428870_143671410_o

-Како сте задоволна од своите а како од настапите на вашата екипа во Лигата на Шампионите?

Секогаш има работи кои мислиш дека ќе се оствараат а не се остваруваат, или мислиш дека нема да се остварат а се остваруваат. Така можам да ја опишам играта која ја прикажавме во првиот дел од сезоната. Многу е лошо што голем број на повреди ја погодија нашата екипа и многу рано ги изгубиме Бегоња, Татјана и Алисон но без разлика на се наша должност е да се справиме и да играме со тие играчи кои остануваат на располагање. Имавме добри натпревари како на пример тој со Будуќност кога играчите се разбираа меѓусебно и секој си ја извршуваше задачата. Добро игравме во одбрана и во напад. На крај ни фалеше малку сила и требаше да го добиеме тој натпревар. Лесно е да играш добро кога целата екипа е на ниво, кога твоите соиграчи ти овозможуваат добри ситации и ти истото го правиш за нив. Како и да е без разлика на постигнатиот резултат секогаш може да се игра подобро и на нас останува да го сториме тоа.

-До каде може Вардар во оваа сезона?

Мислам дека Вардар може да стигне до крајната позиција која секако сите ние ја посакуваме. Мораме да продолжиме со работа и секако огромна предност за нашата екипа е тоа што ќе ни се приклучат сите играчи кои претходно не беа во можност да ни помогнат. Се зависи само од нас, сите екипи се одлични и секој може секого да го победи но сепак верувам дека можеме да успееме.

-Дали очекувавте повик во руската репрезентација за Европското првенство?

Пред Европското првенство не очекував повик, но очекував повик на еден од претходните собири на репрезентација кој се одржа во месец октомври. Овие собири се битни за играчите и не мора да значи дека ако присуствуваш на нив мора да бидеш дел од финалниот состав на репрезентацијата, но важни се тренизните и играта со другите играчи. Бидејќи тогаш не добив повик, логично беше да не очекувам повик и на финалните подготовки пред првенството и со самото тоа и на самото првенство.

10892672_10204441423628850_681058933_o

-Како ги оценувате настапите на руската репрезентација на Европското првенство?

Ги следев сите натпревари и покрај лошиот резултат кој го поситгнаа девојките сметам дека имаме една одлична репрезентација составена од одлични играчи. Многумина зборуваат за добриот состав кој го има руската репрезентација и сама не знам да кажам зашто беше постигнат толку лош резултат бидејќи реално ние имавме шанси поради добриот состав а бев разочарна поради тоа што многумина пред почетокот на првенството ја ставаа Русија во групата на аутсајдери што на крајот се покажа како точно. Лошиот резултат треба да доведе до промени во иднина и можеби треба нешто да се промени во однос на тренинзите.

-Раскажете ни повеќе за успесите со помладите катергории на руската репрезентација?

Имам постиганото доста добри резултати со репрезентација на Русија. Со јуниорската репрезентација победивме на две европски првенства. Мислам дека тоа беше еден одличен резултат а уште побитно е тоа што четири години по ред се пласиравме во завршниците. Сите велеа дека е лесно да се победи на јуниорските натпреварувања а тешкотиите доаѓаат на младинското првество, и ние успеавме во тоа и докажавме дека имаме доволно квалитет. Го освоиме и младинското првенство и дури два пати бевме вице прваци на светот.

-Дали има некој играч кого го сметате за најголем противник?

Го почитувам секој играч и сметам дека не треба од никој да се стравува. Ако некогаш се случи да се изигра лошо против некој играч не значи дека треба да стравуваш од него или да го сметаш за најголем противник, баш напротив на наредна средба работите можат да се одвиваат во обратна насока. Нештата никогаш на можат да бидат идеални и затоа еден лош натпревар не треба да одреди на тоа како треба да се гледаат противниците во иднина.

10906694_10204441452149563_687334567_o

-Кој ве прифати најдобро кога дојдовте во Македонија? Како ви се допаѓа Скопје?

Кога прво дојдов тука за мене беше огромна предност тоа што тука веќе има руски играчи кои направија да се чуствувам како дома. Ина, Тања, Ирина, Тимур во голем дел го олеснија моето приспособување тука а голем плус беше тоа што дојдовме заедно со Олга Черноивнанеко. Битно е кога толку големи луѓе како нив ќе ти помогнат да се чуствуваш навистина пријатно во нова средина. Потоа се запознав и со другите играчи и секако други луѓе што дополнително направи да се чуствувам попријатно.

Кога прво дојдов во Скопје многу ми беше чудно што луѓето толку време поминуваат пиејќи кафиња и сите се знаат меѓусебно, тоа кај нас во Русија го нема.  Секако градот е многу пријатен и одлично е тоа што сите знаат доста за ракометот.

-Како го корисите слободно време?

Кога играв во Русија не знаев што е тоа слободно време. Дури и преку лето имав тренизни поради различните ангажмани со клубот и репрезентација затоа сега се трудам да го искористам максимално слободното време. Бев во Москва па во Турција со мајка ми. Што се однесува пак до обичните денови, вообичаено времето го поминувам со девојките од клубот и другите пријатели од Скопје, одам на кафе, кино, се слушам со моето семејство преку интернет.

DSC_0638

-Како ви се допаѓа машикот ракомет тука и подршката која ја добиваат од трибините?

Прв пат тука ја имав можност да гледам машки ракомет и тоа беше на натпревар на Вардар. Можам слободно да кажам дека тоа беше едно прекрасно искуство за мене исполнето со многу емоции од целата атмосфера која владее тука. Одлично е кога во еден град има добра машка и женска екипа. Неверојатна е амосферата која ја прават навивачите кога игра машката екипа и такво нешто нема никаде во Европа. Дел од овие емоции ги почуствуваме и ние на натпреварот со Будуќност кога конечно добивме слична поддршка во Јане Сандански. Неопишливо е чувството кога на трибините добиваш таква поддршка и ти добиваш таква сила која едноставно те води низ натпреварот.

-Вашите желби за читателите на 24ракомет.мк?

На сите фанови и љубители на ракометот сакам да им ги честитам Божиќ и Нова Година и најискрено им посакувам исполнување на сите желби. Сакајте го ракометотт и  навивајте за нас. Нам многу ни е важна вашата поддршка. Ние ќе дадеме се од себе за да стигнеме до нови победи со кои ќе ве израдуваме и ќе допринесеме за нови емоции и радости.