Ќе остане без малиот прст на ногата за пак да игра ракомет

Николај Маркусен од јануари мака мачи со повредата на малиот прст на ногагата. Оваа повреда го одалечи од терените веќе половина сезона, а за да може одново да му помага на својот Бјерингборо најверојатно ќе треба да го ампутира малиот прст на левата нога.

Маркусен изјави дека ампутирањето на малиот прст може да значи и чекор напред кон неговото враќање на големата сцена.

„Помалку беше шокирачки, но подоцна се навикнав на идејата дека ампутирањето на прстот може да значи чекор напред за мене кон можноста што побрзо одново да заиграм ракомет. Операцијата може да биде помалку незгодна од естетски причини, но ако повторно заиграм ракомет не би ми сметало“, изјави Маркусен.

Ракометарот на Бјерингборо со оваа повреда се здоби настапувајќи за Данска на Светското првенство, а низ ракометните медиуми во Европа се шпекулираше за негов трансфер во францускиот ПСЖ.