Јужна Кореја убедливо против Јапонија во финалето на азиските спортски игри

Женската репрезентација на Јужна Кореја многу лесно го освои првото место на “17-те Азиски спортски игри” . На лесен начин репрезентативките на Јужна Кореја беа убедливи против Јапонија со 29 : 19 ( 17 : 5).

Во натпреварот за третото место репрезентацијата на Казахстан беше подобра од Кина со 27 : 26 ( 14 : 11).

Конечен пласман

1. Јужна Кореја

2. Јапонија

3. Казахстан

4. Кина

5. Узбекистан

6. Хонг Конг

7. Индија

8. Малдиви

Овогодинешните игри ќе бидат запаметени по фантастичната победа на Јапонија против Малдивите со 79 :0. Следните азиски игри ќе се одржат во 2018 година, а домаќин ќе биде Индонезија.