Јотиќ за 24Ракомет ТВ: Македонија е ракометна сила, луѓето овде живеат за ракометот (ВИДЕО)

Едно од засилувањата на македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник за претстојната сезона е хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ.

Средниот бек е среќен за можноста што ќе може да биде дел од регионалната СЕХА лига и од Лигата на шампионите.

„Македонија е ракометна сила, луѓето овде живеат за ракомет. Кога добив повик од Еурофарм Работник, веднаш одлучив дека ќе биде добро за мене да дојдам овде“, вели Јотиќ.

Целосната изјава на Јотиќ за 24Ракомет ТВ погледнете ја во видео прилогот…