Јауковиќ: Црна Гора ќе се врати уште посилна

Една од ракометарките која би требало да биде носител на играта на црногорската репрезентација во иднина е талентираната Ѓурѓина Јауковиќ. Во интервјуто подолу таа говори за лошиот настап на нејзината селекција во Рио, за ривалството со Вардар, како и за настапите на Будуќност во Лигата на шампионите.

Црна Гора ги заврши Олимписките игри со нула поени. Како овој резултат ќе се одрази на иднината на репрезентацијата на Црна Гора?

Сите бевме изненадени од резултатите постигнати во Рио. Се разбира овој резултат воопшто не беше пријатен за нас, но ние секогаш успевавме да се вратиме после лош резултат. Верувам дека ќе успееме да ги консолидираме нашите редови и повторно да се вратиме меѓу најдобрите.

– Црна Гора е мала земја, но има добри резултати во изминатите години. Дали се уште мислите дека можете да бидете меѓу најдобрите репрезентации во светот?

Па ако се споредуваме со другите национални тимови, можеме слободно да заклучиме дека Црна Гора има мал број на играчи, со кои има постигнати одлични резултати во последните неколку години. Она што нас не одвојува од другите репрезентации е нашиот тимски дух и нашиот балкански менталитет. Ова нас не издвојува од другите репрезентации и благодарение на тоа имаме такви резултати, иако нашата база на ракометарки е многу помала во однос на другите земји.

Jaukovic

-Вие бевте најкорисен играч на последното младинско Европско првенство, не настапивте во Москва. Дали го следевте ова првенство?

Да го следев настапот на Европското првенство во Москва на кое нашата земја настапи со многу млад тим. Од тоа што беше прикажано на овој шампионат можам да заклучам дека Данска и Русија беа чекор понапред од другите. Данска секогаш игра добро кога станува збор за младинските првенства и тие секогаш биле меѓу трите најдобри репрезентации, па ова само го докажува нивниот квалитет во младинските категории.

-Според Вас, кои се петте најдобри млади играчи?

Па има многу добри играчи и секогаш е тешко да се ги изберете најдобрите, но според мене Маловиќ, Аговиќ, Грбиќ и Рајнхард во моментов се најдобрите. Исто така, Русија и Норвешка имаат многу добри млади играчи.

-Данска и Русија се многу доминантни кога станува збор за помладите ракометни категории, но само Русија има успех на сениорско ниво. Кои се причините за тоа?

Мислам дека проблемот е во тоа што Данска не ги користи младите играчи во сениорските натпревари. Можеби младите играчи нема да дадат резултати веднаш, бидејќи сепак ни треба искуство, но за неколку години младите играчи дефинитивно ќе покажат добри резултати.

Jaukovic

-Во претходната сезона Вие завршите на четвртото место во Лигата на шампионите. Во истата сезона Вардар победи двапати во меѓусебните дуели. Што мислите дека беше пресудно во овие дуели?

Во натпреварот одигран во Скопје направивме многу грешки. Не одигравме како што планиравме, па Вардар ја искористи можноста. Потоа, кога повторно се сретнавме во мечот за третото место во Лигата на шампионите, ние бевме разочарани бидејќи изагубивме во полуфиналето. Вардар, од друга страна беа мотивирани многу повеќе и тоа е причината за нивната втора победа против нас во иста сезона.

-Според многумина, Вие сте иднината на црногорскиот ракомет. Дали ова ви претставува некаков притисок?

Ова дефинитивно носи само позитивен притисок врз мене. Јас ќе продолжам да работам напорно и ќе го давам својот максимум и се надевам дека добрите резултат ќе дојдат во иднина.

-Како сте задоволни со тимот за новата сезона?

Имаме многу добар тим и еден многу квалитетен и искусен голман ќе ни се приклучи во новата сезона. Радмила Петровиќ и Мајда Мехмедовиќ не се дел од Будуќност во новата сезона, но затоа млади играчи ќе ни се приклучат. Се надевам дека ќе имаме добар резултат во групата која ќе не донесе во главната рунда и дури после тоа ќе можам да кажам повеќе за нашите резултати и очекувања.

Англиската верзија е достапна на europamester.dk