Јанчев и Крстевски му носат опстанок на ПИФ

Тимот на Паргас ИФ, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, Јане Јанчев и Илија Крстевски, ја започна битката за опстанок во финскиот шампионат.

Во првото коло од плеј-аутот, Паргас славеше над домашен терен против составот на Потси со минимални 26-25.

Две третини од головите беа дело на нашите ракометари. Средниот бек Јанчев постигна девет погодоци, додека Крстевски даде еден помалку.

Во следното коло Паргас ќе гостува на тимот на Акилес.