Јана Краузе: Подготвена сум за нови предизвици

Голманката на Турингер Јана Краузе, во многу наврати била одлучувачки фактор во победите на нејзниот клуб. Со нејзината висина од 188 цм, практично го покрива цел гол и на противничките ракометарки им создава проблем плус во обидот да ја совладаат. Иако на клупско ниво настапувајќи во Лајпциг, Нирнберг, Букстехуде и Тирунгер нема поголеми успеси, таа во интервјуто за 24ракомет вели дека е подготвена за нови предизвици и дека би можела на крајот на нејзината кариера да се обиде да игра и во странство.

Во текот на цела Ваша кариера играте во германски клубови, имате ли можеби понуди од странство?

Изминативе години имав неколку интересни понуди од странски клубови но во Германија се чувствувам пријатно.Јас сум човек што има потреба од близината на семејството и пријателите или да се на неколку часа возење со автомобил оддалечени од мене и затоа никогаш не искористив некоја понуда од странство. Сепак, можам да се замислам себе си како играм во некоја странска држава на крајот на мојата кариера, да искусам нова култура и поинаков живот. Отворена сум за предизвици.

Според Вас зошто германскиот национален тим имаше потешкотии минатата година и покрај тоа што имате силен тим со одличен голман ?

Мислам дека Германија има многу добри играчи на сите позиции особено голманската, но и покрај тоа селекторите минатата година не успеаја да состават тим што добро ќе функционира, тоа беше главниот проблем.

Последните селектори на германската репрезентација беа Данци, а сега Германец кој тренирал во Полска. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за нив? Мислите ли дека е тешко за странец да тренира германска селекција?

Многу е полесно за тренер да го зборува јазикот на селекцијата која ја води. Не го знам сегашниот селектор лично, но слушнав дека добро работи и играчите се задоволни. Мислам дека е на вистинскиот пат.

Турингер игра неколку години во Лигата на шампионите но тимот никако да стигне до Фајнл фор. Што ви недостига за да бидете меѓу најдобрите четири?

Ние сме тим што секогаш се бори на теренот и никогаш не се откажува. Можеме да победиме и големи тимови со храброст и тимски дух. Но прашањето е едноставно за да се одговори. За да стигнеме до најдобрите четири, немаме доволно буџет, немаме големи ѕвезди во тимот бидејќи не можеме да си ги дозволиме од финансиска гледна точка. На крајот можеме да заклучиме дека парите гарантираат за квалитетот. Не секогаш, но во повеќето случаи е така. Мислам дека ниеден германски клуб не е во можност да стигне до фајнл фор во блиска иднина.

Како би го рангирале германското првенство во споредба со другите лиги од Европа?

Мислам дека унгарската лига е многу силна, а исто така и француската и данската.

Што мислиш за вашата конкуренција во Лигата на шампионите?

Будуќност е фаворит и мислам дека нема да се откажат од ниту еден поен во нашата група. Но зад нив има многу простор. Мислам дека ние можеме да победиме во домашните мечеви против Мец и екипата која се прикличи од квалификациите Гласверкет, а исто така можеме да го намачиме Будуќност малку. Групата е интересна со отворен крај.

Според Вас кои тимови се меѓу најголемите фаворити за освојување на Лигата на шампионите?

Мислам дека Букурешт (кои се во доста јака група), Ѓер и Будуќност имаат големи шанси за фајнл фор, а и Ростов Дон имаат многу јак тим.

Кои се амбициите на вашиот тим оваа сезона?

Имаме нов тим, пет нови ракометарки од кои две многу доцна ни се приклучија на тренинзите по завршувањето на Олимпијадата. Мислам дека ни треба уште време да се пронајдеме како тим и на теренеот и надвор од него. Не сме фаворити за освојување на домашната лига, но мислам дека имаме добри шанси да останеме во трката до самиот крај на сезоната. Во Лигата на шампионите, ќе видиме , но сметам дека имаме реални шанси да се бориме за второто место во нашата група и да стигнеме до главната фаза, тоа е исто така цел оваа сезона за нас.

Англиската верзија е достапна на europamester.dk

ФОТО: Sascha Klahn