Ѓукиќ е минато, Томас Риде седнува на жешката клупа во ЧСМ Букурешт

ЧСМ Букурешт кој ја освои Лигата на шампионите за жени во 2016 година имаше тешка сезона во која успеа да го освои само Купот на Романија. Оваа сезона беше прва по 2015 година тие да го пропуштат завршниот турнир во Будимпешта. Сето тоа како резултат на многуте проблеми со повредени играчи во клучниот период од сезоната.

Менаџментот на ЧСМ одлучи за нов тренер да го назначи шведскиот стручњак Томас Риде. Ова е десетта смена на клупата на романскиот клуб во последните пет години. Откако српскиот тренер Драган Ѓукиќ го напушти клубот, ЧСМ Букурешт се враќа на скандинавските стручњаци назначувајќи го Риде за главен на стручниот штаб.

‚‚Сигурен сум дека ќе станеме најдобриот тим во Европа. Ова е многу важен момент во мојата кариера. Голема чест ми е што потпишав со ЧСМ‘‘, изјави Риде кој во 2006 со Виборг ја освои Лигата на шампионите.

Тој е трет шведски тренер на клупата на романскиот состав, претходно го предводеа Пер Јохансон и Магнус Јоханосон. Вкупно ова е седми скандинавски тренер во ЧСМ Букурешт.