Ѓорѓиевска и Подравка го шокираа Кристијасанд, рекордна победа на Ѓер

Тимот на Подравка, каде што настапува македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, направи големо изненадување во второто коло од Лигата на шампионите.

Хрватскиот тим го совлада норвешкиот Кристијансанд, кој лани играше на Ф4, со минимални 25-24 и ја запиша првата победа во елитното натпреваруње.

Нашата ракометарка постигна два гола на овој натпревар.

Европскиот шампион Ѓер оствари рекордна победа во ЛШ, откако славеше кај чешкиот Мост со 21-46, во натпревар во кој Стине Офтедал беше најдобра со десет погодоци.

Будуќност, пак, по изненадувачкиот пораз дома од Брест во минатото коло се врати на победнички патеки, откако во Германија го победи Битигхајм со убедливи 23-30.

Група А
Ференцварош – Мец 28-34
Подравка – Кристијансанд 25-24

Група Б
ЧСМ Букурешт – Ростов 23-23
Лублина – Есбјерг 22-28

Група Ц
Брест Бретањ – Валчеа 37-24
Битигхајм – Будуќност 23-30

Група Д
Савех0ф – Крим 21-25
Бањик Мост – Ѓер21-46