Ѓер со лекција за Бајрамовска и Крим

Екипата која се вборјува меѓу главните фаворити за титулата во Лигата на Шампионите – Ѓер одлично ја стартуваше новата година на домашен терен. Прв противник на силниот унгарски состав во главната фаза беше екипата на Крим која доживеа висок пораз со резултат 39-22.

Гостинските ракометарки имаа предност во првите 10тина минути 4-6, по што домаќинот целосно ја сврте играта во своја полза и за само 9 минути успеа да направи солидна серија која им донесе предност од пет погодоци 12-7. Доминацијата продолжи и во понатамошниот тек од првиот дел кој заврши со високи 20-9 во полза на вицешампионот во најелитната конкуренција.

Најрасполжената за игра во составот на Ѓер- Анита Горбич постигна два последователни погодоци на стартот на вториот дел и уште повеќе ја зголеми предноста во полза на домаќинот. Ѓер продолжи со одличната игра до крајот на натпреварот што по истекот на 60 минути значеше и висока победа од 39-22.

Милановиќ-Литре со 7 погодоци беше најпрезицина во составот на Крим. Ист број на погодоци во  таборот на победничката екипа постигна Горбич. Скромно издание имаше Мирјета Бајрамовска која постигна само 2 погодоци.